Линкови за пристапност

Младите мозоци програмирани за опасни потфати


Неодамна, 16-годишно девојче беше спасено од среде Индискиот океан додека се обидувала да го обиколи светот. Во мај, 13-годишно момче се искачи на Монт Еверест. Стручњаците почнуваат да го испитуваат однесувањето на млади луѓе како нив и го поставуваат прашањето дали возрасните треба да обесхрабруваат некои од нивните цели.

16-годишната Аби Садерленд деновиве беше спасена од нејзиниот оштетен брод по невреме во Индискиот океан. Минатиот месец, 13-годишник стана најмладиот планинар што се искачил на Монт Еверест.

Многу тинејџери се привлечени кон ризични активности.

Лук Муреј, 14-годишник го разбира тоа. Тој вели:

„Во животот треба да преземете ризици за да постигнете што сакате. Без ризик нема победа“.

Ден Ромер, кој го истражувал тинејџерскиот мозок во Центарот за јавна политика во Аненберг, тврди дека просечен адолесцент има добро развиен мозок, и дека единствената разлика меѓу адолесцент и возрасен е само во искуството. Оттука повозрасните не бараат постојано да пробуваат нови работи.

Стручњаците велат дека мозоците на младите се програмирани за преземање опасни потфати. Затоа тука се – родителите. Но, која е вистинската мерка меѓу заштита и поттикнување на независност?

Психијатарот Џин Томас вели:

„Убаво е да се охрабрува детето со талент да оди колку може повисоко, но треба да знаеме дека адолесцентите имаат ранливо его и дека често вината ја земаат врз себе, пред да ги обвинат другите.“

Во меѓувреме децата учат да пловат без надзор од возрасен. Учат лекција на независност, за да им помогне во животот.

XS
SM
MD
LG