Линкови за пристапност

Избегнат „Денот зеро“ во Јужна Африка


Екстремната суша во Кејптаун заврши, но ги промени навиките за користење на вода

Поради најавените врнежи во наредните месеци, „Денот зеро“, кога градот Кејптаун кој беше погоден од суша требаше да остане без вода, е одложен за во 2019-та година.

Но, рестрикциите за употребата на вода со кои секој жител дневно добива до 50 литри, остануваат на сила, се` до подобрувањето на нивото во резервоарите.

Кризата остави траен белег во овој град во Јужна Африка. Властите сметаат дека искуството е важна лекција во управувањето со водите, и би можело да им помогне на другите градови кои во иднина можат да се соочат со ограничен достап до вода.

Активистката за заштита на водата, Клер Пенгели, работи во непрофитната организација „Зелениот Кејп“, и ја советувала локалната индустрија за време на долгата суша. Таа вели дека некои жители го поздравиле крајот на „Денот зеро“, но други остануваат скептични.

„Секако, некои поединци мислат дека имавме влијание и успеавме да заштедиме на вода. Тоа значи дека ќе можеме да го поминеме летото, и дека „Денот зеро“ е одложен“, вели Пенгели. „Но, очигледно има лица кои велат„Денот зеро“ беше измама, маркетиншки трик за промена на однесувањето. Тоа никогаш не беше реалност.“

Но, таа додаваа дека заканата од „Денот зеро“ била важен повик за будење. Таа забележува дека, иако заканата е намалена, вкупната потрошувачка на вода не се зголемила.

Заменикот-градоначалник Јан Нилсон, ја бранеше одлуката за вклучување на алармот кон крајот на јануари, кога по три последователни години на суша, три главни резервоари во градот дојдоа до опасно ниско ниво.

Пенгели вели дека сега се тушира само една минута и користи одредени видови на отпадна води околу куќата. Таа додава дека искуството со сушата засекогаш го променило градот, и тоа на подобро.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG