Дванаесетдневната средба беше отворана во Дурбан во понеделник.
Клучно прашање ќе биде дали индустријализираните држави ќе го продолжат Протоколот од Кјото, легално обврзувачки договор за намалување на емисијата на штетни гасови. Пактот треба да истече следната година.
Двата најголеми светски загадувачи, САД и Кина, се во центарот на прашањето.
САД кажаа дека нема да се приклучат на пактот за намалување на емисијата освен доколку товарот за намалување на испуштањето на јаглерод е споделен со економии во подем како Кина, Индија и Бразил.
Пекинг тврдеше дека индустријализираните земји креираат најголем дел од проблемот на климатските промени и дека земјите во развој не треба да преземат подеднаков товар.
Зборувајќи на церемонијата на отварање во понеделник, јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума кажа дека несогласувањата ги ставаат во ризик земјите во развој, особено во Африка, каде, рече тој, „климатските промени се прашање на живот и смрт“.