Линкови за пристапност

И „Сеарс“ банкротираше


Sears
Sears

Познатиот американски малопродажен синџир „Сеарс“ поднесе барање за заштита од банкрот, во обид да ја реорганизира компанијата во помал обем со цел да оствари профит

Ваквиот потег е последен обид на „Сеарс“ да го заживее бизнисот, вклучувајќи и продажба на дел од неговите брендови и затворање на стотици продавници како што продажбата опаѓаше.

Во рамките на стечајната постапка компанијата регистрираше 6,9 милијарди долари актива и 11,3 милијарди пасива. „Сеарс“ планира да затвори 142 продаваници до крајот на годината, но да ги задржи отворени останатите продажни места.

Компанијата во 1880-тите започна да работи со каталошка понуда по пошта, развивајќи ја својата понуда на играчки, облека, лекови, па дури и куќи. На крајот отвори и продажни места во трговски центри низ целата земја.

Но, „Сеарс“ започна да се бори за опстанок поради подемот на поевтини алтернативи, како што е „Волмарт“, како и со свртувањето на купувачите кон онлајн продавниците. Компанијата не остваруваше профит уште од 2010 година.

XS
SM
MD
LG