САД денеска воведоа петта рунда санкции кон Хамас по терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври, објави денес портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
„Денешната акција е насочена кон мрежите на финансиски размени поврзани со Хамас во Газа, нивните сопственици и соработници. Во врска со оваа акција, Австралија и Обединетото Кралство, исто така, воведуваат санкции за клучните претставници и олеснувачи на Хамас“, рече Милер.
Тој нагласи дека „ остануваме посветени да работиме со нашите сојузници и партнери за да ја разбиеме финансиската инфраструктура што ги поддржува операциите на Хамас“.
САД најавија дека ќе продолжат да ги користат сите алатки за да го таргетираат Хамас, неговите финансиери и механизмите за финансиски трансфери, кои ги насочуваат средствата за поддршка на терористичките активности на Хамас.