Линкови за пристапност

САД соборија ракета на Хутите во најновиот напад на Црвеното Море


Американската војска соопшти дека целта на проектилот бил разурнувач на морнарицата.
Американската војска соопшти дека целта на проектилот бил разурнувач на морнарицата.

Американската војска во неделата соопшти дека соборила противбродска крстосувачка ракета истрелана од област во Јемен контролирана од Хути кон разурнувач на американската морнарица во јужниот дел на Црвеното Море.

Централната команда на САД соопшти дека борбени авиони го собориле проектилот во близина на брегот на пристанишниот град Ходеида. Нема извештаи за повредени или материјална штета, соопшти ЦЕНТКОМ.

Хутите поддржани од Иран извршија неколкунеделни напади насочени кон бродови во Црвеното Море во, како што велат, кампања за поддршка на Палестинците во Газа.

Нападите го нарушија превозот преку важната рута што се поврзува со Средоземното Море, при што многу меѓународни бродски компании се одлучија да го пренасочат сообраќајот на подолги правци за да ја избегнат областа.

Последниот напад на Хутите дојде неколку дена откако Соединетите Држави и Велика Британија извршија воздушни напади врз околу 30 цели на Хутите во западен Јемен како одговор на заканите во Црвеното Море.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG