Линкови за пристапност

Американски специјални сили наскоро одат во Сирија


Заменикот помошник државен секретар не кажа кога точно тоа ќе се случи

Американски претставник вели дека специјални сили на САД ќе заминат за Сирија „многу брзо“ на мисија да помогнат во координирање на локалните борци и напорите на коалицијата предводена од САД во борбата против Исламската држава.

Заменикот помошник државен секретар Брет МекГурк во неделата за време на гостувањето во емисијата „Соочување со нацијата“ на телевизијата ЦБС, изјави дека САД не кажуваат кога точно тоа ќе се случи.

Претседателот Барак Обама минатиот месец авторизираше најмногу до 50 американски трупи за мисијата која има за цел помагање на локалните сиријски, арапски, курдски и туркменистански борци.

МекГурк изјави дека САД се во војна со групата Исламска држава и дека целата меѓународна заедница треба да се придружи.

Тој исто така одговори на критиките дека САД се премногу бавни во насока на конфронтирање на милитантите во Ирак и Сирија, велејќи дека напорите во последно време се забрзани и дека моменталните притисоци врз фактички главниот град на Исламската држава, Рака, не биле возможни пред шест месеци.

XS
SM
MD
LG