Линкови за пристапност

САД се сеќаваат на жртвите во нападите на 11 септември


Одбележувањето на 11 септември - кога во нападите со киднапирани авиони загинаа речиси 3.000 луѓе во 2001 година - се совпаѓа со сезоната на претседателските избори на секои четири години, и овојпат доаѓа во особено значаен момент
Одбележувањето на 11 септември - кога во нападите со киднапирани авиони загинаа речиси 3.000 луѓе во 2001 година - се совпаѓа со сезоната на претседателските избори на секои четири години, и овојпат доаѓа во особено значаен момент

САД се сеќаваат на жртвите од 11 септември, додека претседателот Џо Бајден, поранешниот претседател Доналд Трамп и потпретседателката Камала Харис стојат заедно на плоштадот, каде некогаш беа кулите близначки.

Одбележувањето на 11 септември - кога во нападите со киднапирани авиони загинаа речиси 3.000 луѓе во 2001 година - се совпаѓа со сезоната на претседателските избори на секои четири години, и овојпат доаѓа во особено значаен момент.

Свежи од нивната прва дебата во вчера вечерта, Харис и Трамп повторно се сретнаа на одбележувањето на 11 септември во Светскиот трговски центар во Њујорк и Националниот споменик на летот 93 во Пенсилванија.

Трамп и неговиот кандидат, сенаторот Џеј Ди-Венс пристигнаа на местото во Светскиот трговски центар околу 8 часот и се фотографираа со некои од присутните.

Харис пристигна со Бајден околу половина час подоцна, со овации „Камала!“ од некои некои од присутните.

Бајден и Трамп се ракуваа, а поранешниот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг изгледаше како да го олесни ракувањето меѓу Харис и Трамп.

Тогаш демократските и републиканските кандидати застанаа на само неколку метри оддалеченост, а меѓу нив беа Бајден и Блумберг.

Но, политичката позадина не беше најважна за роднините на жртвите, како што е Кети Натон, која дојде да му оддаде почит на нејзиниот братучед Мајкл Робертс, еден од стотиците пожарникари убиени во нападот.

Дваесет и три години подоцна, „тоа е толку сурово“, рече таа.

„Сакаме да се погрижиме луѓето секогаш да се сеќаваат и да ги кажуваат имињата секогаш и никогаш да не забораваат“.

Во нападите загинаа 2.977 луѓе и оставија илјадници ужалени роднини и преживеани.

Катастрофата, исто така, ја промени надворешната политика на САД, практиките за домашна безбедност и размислувањето на многу Американци кои претходно не се чувствуваа ранливи на напади од странски екстремисти.

XS
SM
MD
LG