Линкови за пристапност

САД поддржуваат специјален трибунал за војната во Украина


Администрацијата на Бајден нуди поддршка за создавање на меѓународен суд за гонење на наводните злосторства за агресија од страна на Русија против Украина.

Во коментарите оваа недела, високи американски функционери рекоа дека администрацијата верува дека тоа ќе биде најдобриот начин да се бара одговорност од Русија за нејзината инвазија.

Сепак, тие, исто така, признаваат дека шансите судот да обезбеди притвор за кој било руски функционер се мали.

„САД го поддржуваат развојот на специјален трибунал за агресија врз Украина во форма на интернационализиран суд кој е вкоренет во судскиот систем на Украина, со меѓународни елементи“, се вели во коментарите на Стејт департментот до новинарите.

Официјалните лица рекоа дека предвидуваат хибриден суд заснован на украинскиот правосуден систем, но со меѓународни компоненти, слични на претходните ад хок судови за воени злосторства формирани за Камбоџа, Чад, Централноафриканската Република и Босна, и најверојатно со седиште во Хаг, Холандија.

„Овој модел, интернационализиран национален суд, ќе овозможи поширока меѓународна поддршка и ќе го покаже лидерството на Украина во обезбедувањето одговорност за злосторството на агресија“, соопшти Стејт департментот.

„Исто така, се надоврзува на примерот на други успешни механизми за правда“.

Но, САД не се членка на Меѓународниот кривичен суд што ја комплицира нивната способност да го поддржи судот со докази или други информации што би можеле да се користат во неговото гонење.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG