Линкови за пристапност

САД не охрабруваат напади во Русија, рече Кирби


САД не охрабруваат или овозможуваат напади во Русија, изјави во понеделникот за Си-Ен-Ен координаторот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.

Неговите коментари дојдоа откако неколку непријателски дронови ја погодија Москва во последните месеци.

Немаше поголема штета или загинати во тие напади, но висок украински функционер минатата недела изјави дека ќе има уште такви напади.

Три украински беспилотни летала ја нападнаа Москва во неделата, според руското Министерство за одбрана, кое ги нарече нападите „обид за терористички напад на режимот во Киев“.

Ова беше четврти таков напад врз главниот град на Русија овој месец и трет оваа недела, откривајќи ја ранливоста на Москва додека руската војна во Украина се одолговлекува во својот 18-ти месец.

Две од беспилотните летала го погодија финансискиот кварт на главниот град, оштетен е облакодер, а повреден е еден чувар, јави руската државна новинска агенција Тас, повикувајќи се на официјални лица за вонредни состојби.

Украинските власти не ги признаа нападите, но украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видеообраќање рече:

„Постепено, војната се враќа на територијата на Русија - во нејзините симболични центри и воени бази, и ова е неизбежен, природен и апсолутно фер процес“.

Портпаролот на украинските воздухопловни сили, исто така, не ја презеде одговорноста, но рече дека рускиот народ ги жнее последиците од руската војна во Украина.

Дел од информациите се од АП, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG