Линкови за пристапност

САД не најдоа докази за странско мешање во среднорочните избори во 2022


Одделите за правда и домашна безбедност на САД издадоа јавен извештај во кој заклучуваат дека ниту една странска влада или агент не ја поткопала безбедноста или интегритетот на изборните системи
Одделите за правда и домашна безбедност на САД издадоа јавен извештај во кој заклучуваат дека ниту една странска влада или агент не ја поткопала безбедноста или интегритетот на изборните системи

Извештајот на американската влада денес покажа дека хакери поврзани со Русија и Кина таргетирале некои изборни системи за време на среднорочните избори во 2022 година, но не најде докази дека странски влади го компромитирале гласањето.

Одделите за правда и домашна безбедност на САД издадоа јавен извештај во кој заклучуваат дека ниту една странска влада или агент не ја поткопала безбедноста или интегритетот на изборните системи.

Извештајот покажа дека проруски активисти хакери тврдат оти привремено го ограничиле пристапот до веб-страницата на државната изборна канцеларија.

Хакерите кои САД ги обвинија дека имаат врски со Кина, исто така, ги скенирале веб-страниците на државните владини страници поврзани со изборите, се вели во извештајот.

„Нема докази дека оваа активност го спречила гласањето, ги сменила гласовите или ја нарушила можноста за пребројување гласови или навремено пренесување на резултатите од изборите; променила каков било технички аспект на процесот на гласање; или на друг начин го загрозила интегритетот на информациите за регистрација на гласачите или сите гласачки ливчиња за време на федералните избори во 2022 година“, се заклучува во извештајот.

Јавниот извештај уследи по доверливата оценка за странското мешање во изборите, доставена до претседателот Џо Бајден претходно оваа година.

Републиканците освоија тесно мнозинство во Претставничкиот дом во конгресните избори во 2022 година, додека демократите го бранеа своето тесно мнозинство во Сенатот.

XS
SM
MD
LG