Линкови за пристапност

САД издадоа нови санкции поврзани со Иран за сајбер и вооружена активност


Американскиот Оддел за финансии соопшти дека вовело санкции за четири компании со седиште во Иран и Хонг Конг за обезбедување материјали и технологија за иранските програми за балистички ракети и беспилотни летала, како и за фирма со седиште во Хонг Конг за продажба на ирански производи.

Одделот за финансии, исто така, соопшти дека вовело санкции за шестмина функционери на Сајбер електронската команда на Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран за малициозни сајбер активности против критичната инфраструктура во САД и на други места.

Како резултат на санкциите, блокиран е целиот имот на назначените субјекти и поединци кои се во Соединетите Држави или потпаѓаат под контрола на САД. Како општо правило, на американските поединци или компании им е забрането да вршат трансакции што го вклучуваат имотот на назначените.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG