Линкови за пристапност

САД испраќаат уште една подморница во Јужна Кореја


Војската на Јужна Кореја соопшти дека американска подморница со нуклеарен погон пристигнала во Јужна Кореја како второ распоредување на голема американска поморска опрема на Корејскиот полуостров овој месец.

Подморницата Анаполис пристигна на островот Џеџу околу една недела откако подморницата Кентаки се закотви во Бусан.

Кентаки беше првата американска подморница со нуклеарно вооружување што дојде во Јужна Кореја од 1980-тите.

Северна Кореја реагираше со пробни проектили, а нејзиниот министер за одбрана рече дека пристигнувањето на подморницата може да биде основа за Северот да користи нуклеарно оружје.

Анаполис е на нуклеарен погон, но е вооружен со конвенционално оружје.

Јужнокорејската морнарица соопшти дека подморницата Анаполис главно се приклучувал за да товари залихи, но имало дискусии за вежби за обука.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG