Линкови за пристапност

САД им препорачуваат на Американците да го преиспитаат патувањето во Кина


ПЕКИНГ (АП) - САД им препорачаа на Американците да го преиспитаат патувањето во Кина поради произволните забрани за спроведување на законот и излезот како и ризикот од незаконски притвор.

Не беа наведени конкретни случаи, но до ваков заклучок се дојде откако 78-годишен државјанин на САД беше осуден на доживотен затвор под обвинение за шпионирање.

Ова е последователно по минатонеделното усвојување на сеопфатниот Закон за надворешни односи кој се заканува со контрамерки против оние што се сметаат дека им штетат на интересите на Кина.

Кина, исто така, неодамна усвои закон за контрашпионажа.

„Владата на Народна Република Кина (НРК) произволно ги спроведува локалните закони, вклучително и издавање забрани за излез на граѓаните на САД и граѓани на други земји, без фер и транспарентен процес според законот“, велат американски преставници.

„Граѓаните на САД кои патуваат или престојуваат во НР Кина може да бидат притворени без пристап до американските конзуларни служби или информации за нивниот наводен криминал“, се предупредува во соопштението.

Забраните за излез може да се искористат за да се принудат поединците да учествуваат во истрагите на кинеската влада, да се притиснат членовите на семејството да се вратат од странство, да се решат граѓанските спорови во корист на кинеските граѓани и да се „добие моќ за преговарање над странските влади“.

XS
SM
MD
LG