Линкови за пристапност

САД и Папуа Нова Гвинеја потпишаа безбедносен договор


САД велат дека договорот ќе ја зајакне регионалната безбедност.
САД велат дека договорот ќе ја зајакне регионалната безбедност.

Соединетите Држави и Папуа Нова Гвинеја потпишаа безбедносен договор кој вклучува давање пристап на американските сили до водите и пристаништата на оваа пацифичка нација.

Договорот доаѓа во време на фокусирање на САД на регионот и загриженост за влијанието на Кина.

Стејт департментот на САД соопшти дека пактот ќе ги зајакне одбранбените сили на Папуа Нова Гвинеја, ќе ја зајакне безбедносната соработка и ќе ја зголеми регионалната стабилност.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го потпиша договорот за време на церемонијата во Порт Мозеби.

„Нашите две земји промовираат мир, безбедност и просперитет во регионот на Пацификот“, напиша Блинкен на Твитер по средбата со премиерот на Папуа Нова Гвинеја, Џејмс Марапе.

Блинкен ја посети Папуа Нова Гвинеја на местото на американскиот претседател Џо Бајден, кој ја откажа првата посета на актуелниот американски лидер на земја од островот на Пацификот поради тековните преговори за да се избегне должничка криза дома.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG