Линкови за пристапност

САД и Кина ги одржаа првите неформални разговори за нуклеарната програма по пет години


На 12 април 2018 година во Јужното Кинеско Море е видена подморница со балистичка ракета со нуклеарен погон
На 12 април 2018 година во Јужното Кинеско Море е видена подморница со балистичка ракета со нуклеарен погон

САД и Кина ги продолжија полуофицијалните преговори за нуклеарно оружје во март, првпат по пет години, при што претставниците на Пекинг им кажаа на американските колеги дека нема да прибегнуваат кон атомски закани над Тајван, според двајца американски делегати кои присуствуваа.

Кинеските претставници понудија уверување откако нивните соговорници од САД изразија загриженост дека Кина може да употреби или да се закани дека ќе користи нуклеарно оружје доколку се соочи со пораз во конфликтот околу Тајван.

Пекинг го смета островот со демократски управување како своја територија, тврдење кое владата во Тајпеј го отфрли.

„Тие ѝ кажаа на американската страна дека се апсолутно убедени оти се способни да надвладеат во конвенционалната борба над Тајван без употреба на нуклеарно оружје“, рече научникот Дејвид Санторо, американскиот организатор на разговорите, чии детали се објавени од Ројтерс првпат.

Учесниците во разговорите се генерално поранешни функционери и академици кои можат со авторитет да зборуваат за позицијата на нивната влада, дури и ако не се директно вклучени во нејзиното поставување.

Вашингтон беше претставен од околу шест делегати, вклучително и поранешни функционери и научници на дводневните дискусии, кои се одржаа во конференциска сала на хотел во Шангај.

Пекинг испрати делегација на научници и аналитичари, во која имаше неколку поранешни офицери на Народноослободителната армија.

Портпаролот на Стејт департментот, како одговор на прашањата на Ројтерс, рече дека разговорите може да бидат „корисни“.

Стејт департментот не учествуваше на состанокот во март иако знаеше за тоа, рече портпаролот.

Ваквите дискусии не можат да ги заменат формалните преговори „кои бараат од учесниците авторитативно да зборуваат за прашања кои често се многу поделени во круговите на (кинеската) влада“, рече портпаролот.

Членовите на кинеската делегација и Министерството за одбрана на Пекинг не одговорија на барањата за коментар.

Неформалните дискусии меѓу САД и Кина се случија време на несогласувања околу главните економски и геополитички прашања, при што лидерите во Вашингтон и Пекинг меѓусебно се обвинуваат дека се одвиваат без добра волја.

XS
SM
MD
LG