Линкови за пристапност

САД и Индија разговараат за одбранбената соработка


Индискиот лидер Моди ќе го посети Вашингтон подоцна овој месец
Индискиот лидер Моди ќе го посети Вашингтон подоцна овој месец

Врвни претставници на одбраната од Соединетите држави и Индија се состанаа во понеделникот во Њу Делхи за да разговараат за зајакнување на одбранбената соработка, неколку недели пред посетата на индискиот премиер Нарендра Моди на Вашингтон.

Индискиот министер за одбрана Рајнат Синг на Твитер напиша дека разговорите со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вклучиле „конвергенција на стратешките интереси и зајакната безбедносна соработка“.

„Партнерството Индија-САД е од клучно значење за обезбедување слободен, отворен и обврзан со правила индо-пацифички регион“, рече Синг.

„Со нетрпение очекуваме тесна соработка со САД во сите домени за градење капацитети и понатамошно консолидирање на нашето стратешко партнерство“, додаде Синг.

Остин го пофали Синг по средбата, велејќи дека неговиот индиски колега „помогна да се отвори патот за подлабока соработка, заеднички вежби и размена на технологија меѓу нашите две земји“.

Моди треба да престојува во државна посета на САД на 22 јуни.

Соединетите Држави се обидоа да ги продлабочат врските со Индија како дел од напорите да се спротивстават на Кина.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG