Заменик-државниот секретар на САД Венди Шерман денеска разговараше со генералниот секретар на француското Министерство за надворешни работи, соопшти Стејт департментот.
„Заменик-секретарот и генералниот секретар разговараа за резултатите од Самитот на НАТО во Вилнус и за цврстата поддршка на нашите две земји за Украина како одговор на бруталната војна на Русија“.
Во информацијата се вели дека „заменик-секретарот и генералниот секретар, исто така, разговараа за претстојната посета на претседателот Макрон на индо-пацифичкиот регион, како и за клучните глобални прашања, вклучувајќи ги предизвиците што ги поставува Народна Република Кина, мирот и безбедноста на Западен Балкан, Ерменија и Азербејџан и Хаити“.