САД денес го слават својот годишен празник Денот на трудот, со што официјално се признаваат работниците во нацијата, а истовремено се одбележува и неофицијалниот крај на летото.
Празникот го означува крајот на тридневниот викенд што многумина го користат за последен одмор, како што децата ја започнуваат новата учебна година, а продавниците за малопродажба имаат специјални продажби.
Управата за транспортна безбедност соопшти дека очекува да има 17 милиони луѓе на националните аеродроми, што е зголемување за 8% од бројот на патници за Денот на трудот минатата година.
Оние кои патуваат со автомобил за време на празничниот период имаат просечни цени на бензинот кои се за повеќе од 10% пониски од истиот период минатата година.
Парадите во градовите низ државата ќе го прослават официјалниот празник, кој влече корени од парадата во 1882 година во Њујорк, во која учествуваа 10.000 работници кои маршираа.
Овој ден стана национален празник во 1894 година, кога претседателот Гровер Кливленд потпиша акт со кој се пропишува Денот на трудот да се слави во првиот понеделник во септември.
Некои од информациите во овој текст се од Асошиетед прес