Линкови за пристапност

САД го слават Денот на претседателите


Вашингтон, САД
Вашингтон, САД

САД денес го слават Денот на претседателите.

Значењето на Денот на претседателите е драматично променето. За некои историчари, празникот го изгубил ваквото значење.

Историчарката Алексис Коу, авторка на „Никогаш не го забораваш својот прв претседател: биографија за Џорџ Вашингтон“, вели дека размислува за Денот на претседателите на ист начин како и споменикот што го носи неговото име.

„Треба да се работи за Вашингтон, но дали навистина можете да укажете на нешто што личи или звучи како него?, вели таа во интервју за Асошиетед прес од 2024 година. Тој е избрусен и нема апсолутно никакви карактеристики што може да се идентификуваат“.

Џорџ Вашингтон бил роден на 22 февруари 1732 година, на плантажата Попес Крик во близина на реката Потомак во Вирџинија.

Џорџ Вашингтон - првиот претседател на Соединетите Американски Држави
Џорџ Вашингтон - првиот претседател на Соединетите Американски Држави

Дури во 1832 година, на стогодишнината од неговото раѓање, Конгресот формирал комитет за организирање национални „паради, говори и фестивали“, според Конгресната служба за истражување.

Во 1879 година неговиот роденден бил официјално претворен во легален празник за федералните вработени во округот Колумбија.

Официјалната ознака на празникот е самиот роденден на Џорџ Вашингтон, иако неформално е познат како Ден на американските претседатели.

Но, на федерално ниво, денот е сè уште официјално познат како роденден на Џорџ Вашингтон.

XS
SM
MD
LG