Линкови за пристапност

САД го пофалија чекорот на претседателот на Сенегал кој се откажа од изборите


„Сенегал е повеќе од мене“, рече Сал во говорот во понеделникот, „полн е со способни луѓе што можат да го подигнат Сенегал на наредно ниво“.  
„Сенегал е повеќе од мене“, рече Сал во говорот во понеделникот, „полн е со способни луѓе што можат да го подигнат Сенегал на наредно ниво“.  

Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја пофали најавата на претседателот на Сенегал, Меки Сал, кој кажа дека нема да се кандидира на изборите закажани за наредната година и со тоа нема да бара трет мандат.

Претседателот на Сенегал, Сал, одлуката ја објави во говор на национална телевизија, и со тоа стави крај на неколку неделените шпекулации што ја зголемија можноста за политичка несигурност во западно-африканската нација.

„Сенегал е повеќе од мене“, рече Сал во говорот во понеделникот, „полн е со способни луѓе што можат да го подигнат Сенегал на наредно ниво“.

Слободните, фер избори и транзициите на власта даваат посилни институции.
Антони Блинкен, државен секретар на САД

Во изјавата Блинкен рече: „Ние веруваме дека слободните, фер избори и транзициите на власта даваат посилни институции, постабилни и просперитетни држави. Јасната изјава на претседателот Сал дава пример за регионот, за разлика од оние кои се обидуваат да го намалат почитувањето на демократските принципи, вклучително и ограничувањата на мандатот“.

Сал за првпат беше избран во 2012 година, кога го победи тогашниот претседател Абдулај Вејд, кој бараше трет свој мандат. Сал беше реизбран во 2019 година според ревидираниот устав кој го ограничи претседателот на два мандати од пет години - но неговите поддржувачи тврдат дека Сал би можел да бара трет мандат бидејќи бил избран според претходниот устав.

Шпекулациите дека Сал би можел повторно да се кандидира во 2024 година предизвикаа протести низ државата минатиот месец меѓу безбедносните сили и приврзаниците на опозицискиот лидер Усман Сонко во кои беа убиени 16 лица откако Сонко беше осуден на две години затвор под обвинение за сексуален напад.

Гласините, исто така, се заканија да ја нарушат репутацијата на Сенегал како светилник на демократијата и политичката стабилност во турбулентниот западноафрикански регион, во кој лидерите ги игнорираат уставните ограничувања на мандатот за да ја задржат власта.

Дел од информациите доаѓаат од Асошиетед прес, Ројтерс и агенцијата Франс прес.

XS
SM
MD
LG