Линкови за пристапност

САД ги негираат тврдењата на Иран дека американска подморница била принудена да излезе на површина во Заливот


ДУБАИ - Иранската морнарица принуди американска подморница да излезе на површина додека навлегла во Заливот, изјави командантот на иранската морнарица Шахрам Ирани за државната телевизија, но Петтата флота на американската морнарица негираше дека се случил таков инцидент.

„Американската подморница се приближуваше додека беше потопена, но иранската подморница Фатех ја откри и изведе маневри за да ја принуди да излезе на површина додека минуваше низ Ормутскиот теснец. Таа исто така влезе во нашите територијални води, но го смена својот курс откако беше предупредена“, рече Ирани.

„Оваа подморница даваше се од себе, користејќи ги сите свои капацитети, да помине во целосна тишина и без да биде откриена“, додаде Ирани.

„Ние секако ќе го рефлектираме пред меѓународните тела фактот дека ја прекрши нашата граница“, рече тој.

Петтата флота на американската морнарица, со седиште во Бахреин, негираше, како што ја нарече иранската „дезинформација“.

„Американска подморница не транзитирала низ Ормутскиот теснец денес или пред скоро време “, изјави командантот Тимоти Хокинс за Ројтерс.

„Тврдењето претставува повеќе иранска дезинформација што не придонесува за регионалната поморска безбедност и стабилност“, вели Хокинс.

Американската морнарица на почетокот на овој месец соопшти дека подморницата Флорида со нуклеарен погон и управувана ракета оперира на Блискиот Исток како поддршка на нејзината Петта флота.

Иранските и американските сили имаа голем број конфронтации во минатото. На почетокот на април, иранската морнарица соопшти дека идентификувала и предупредила американски извидувачки авион надвор од устието на Заливот. Во 2019 година, Иран собори американско беспилотно летало за кое рече дека летало над јужен Иран.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG