Линкови за пристапност

САД ја повторија посветеноста да ни помогнат на патот кон ЕУ, рече Меџити


Меџити, заедно со заменик-помошникот секретар на САД за Западен Балкан Александар Касаноф и министерката за енергетика Сања Божиновска во Вашингтон (Фото: Фејсбук профил на Изет Меџити)
Меџити, заедно со заменик-помошникот секретар на САД за Западен Балкан Александар Касаноф и министерката за енергетика Сања Божиновска во Вашингтон (Фото: Фејсбук профил на Изет Меџити)

Заменик-помошникот секретар на САД Александар Касаноф изрази силна американска поддршка за Западен Балкан и ја повтори нивната посветеност да ни помогнат на патот кон членството во ЕУ, напиша на Фејсбук првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Меџити е во официјална посета на САД, а од Атлантскиот совет бил поканет да учествува на Конференцијата за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа, заедно со министерката за енергетика Сања Божиновска.

„Го информирав за последните политички случувања во Северна Македонија, споделувајќи ја со него посветеноста на нашата влада за подобрување на животниот стандард на граѓаните, зголемување на инвестициите во инфраструктурата, енергетиката и образованието, како и нашата бескомпромисна заложба во борбата против корупцијата - проблем што го наследивме, но сме решени решително да го решиме“, напиша Меџити.

Тој рече дека нагласил и оти интеграцијата во Европската Унија е „стремеж на повеќето наши граѓани и дека интензивно работиме на забрзување на овој процес“.

Нема официјална изјава од САД за средбата на Касноф и Меџити.

XS
SM
MD
LG