Линкови за пристапност

САД одобрија прва вакцина против респираторен синцициски вирус


Центрите за контрола и превенција на болести мора да одлучат дали на сите лица на 60 години и постари им е потребена РСВ вакцина или само на оние со висок ризик
Центрите за контрола и превенција на болести мора да одлучат дали на сите лица на 60 години и постари им е потребена РСВ вакцина или само на оние со висок ризик

САД ја одобрија првата вакцина за РСВ-респираторен синцициски вирус. Вакцините развиени од „ГСК“ ќе ги заштитат постарите возрасни лица по децении неуспех во развојот на вакцината.

Респираторниот вирус минатата есен ги наполни болниците со бебиња со отежнато дишење, но ги загрозува и постарите лица.

„Она што сакаме да го направиме е да ве оставиме надвор од болница. И се чини дека е околу 80 проценти е ефикасна за да може да спречи тешка инфекција на долните дишни патишта. И тоа е, со оглед на овие респираторни вируси, тоа е навистина прилично добро“, изјави Вилијам Шафнер од Национална фондација за инфективни болести.

Следно, Центрите за контрола и превенција на болести мора да одлучат дали на сите лица на 60 години и постари им е потребена РСВ вакцина или само на оние со висок ризик.

Агенцијата за храна и лекови размислува за слична вакцина за возрасни од „Фајзер“.

Сè уште нема вакцина за деца.

XS
SM
MD
LG