Линкови за пристапност

Јужна Кореја доби дозвола да развива ракетно гориво


Јужна Кореја соопшти дека постигнала договор со САД, кој ќе и овозможи да користи цврсто ракетно гориво за вселенски летала, промена што ќе ѝ овозможи на државата да ги лансира своите први сателити за воен надзор и да ја развива технологијата за изградба на помоќни ракети.

Договорот ги укинува насоките што Сеул за прв пат ги потпиша со Вашингтон во 1979 година. САД имаа наметнато ограничувања поради загриженост дека ракетата на цврсто гориво може да доведе до развој на поголеми ракети и регионална трка за вооружување.

Упатствата последен пат беа ревидирани во 2017 година.

Ракетниот капацитет на Јужна Кореја е инфериорен во однос на Северна Кореја. Во 2017 година, Северна Кореја спроведе три интерконтинентални балистички ракетни тестови, како дел од нејзините напори да изгради ракета со домет до копното на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG