На американските законодавци им истекува времето да донесат резолуција со која ќе се овозможи продолжување на краткорочното финансирање на владата после крајниот рок, 14 март, односно денеска.
„Демократите треба да одлучат дали ќе ја поддржат легислативата за финансирање што дојде од Претставничкиот дом или ќе ја затворат владата. Досега изгледа како да планираат да ја затворат“, рече вчера водачот на мнозинството во Сенатот, Џон Тун.
Демократите треба да одлучат дали ќе ја поддржат легислативата за финансирање што дојде од Претставничкиот дом или ќе ја затворат владатаЏон Тун, водач на мнозинството во Сенатот
За да помине и да биде усвоена резолуцијата во Сенатот е потребен праг од 60 гласа. Тоа значи дека републиканците треба да обезбедат најмалку осум гласови од демократите.
Водачот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, повика Сенатот да усвои претходна верзија на резолуцијата, а во чие подготвување биле вклучени и демократите.
„Финансирањето на владата треба да биде двопартиски договор. Но, републиканците избраа еднопартиски начин, подготвувајќи резолуција без никаков придонес придонес од конгресните демократи“, рече Шумер доцна вечерта во средата.
Демократските сенатори сметаат дека се олеснува на патот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да продолжи со големите промени во федералната влада и во програмите за социјална заштита.
„Не сакам затворање на владата“, истакна сенаторот од редовите на демократите, Крис Ван Холен.
Додава дека поддржува владата да продолжи со работа.
Нема да го поддржам овој предлог-закон на републиканскиот Претставнички дом, кој едноставно на Елон Маск му дава повеќе сила да растури големи делови од федералната владаКрис Ван Холен, демократски сенатор
„Би сакал да гласам за нацрт-законот за да ја задржиме владата отворена 30 дена додека имаме двопартиски преговори. Но, нема да го поддржам овој предлог-закон на републиканскиот Претставнички дом, кој едноставно на Елон Маск му дава повеќе сила и алатки за да растури големи делови од федералната влада и да ја форматира за луѓе како него и за многу богатите“, истакна сенаторот Холен.
Од друга страна, пак, администрацијата од Белата куќа го поддржува републиканскиот предлог.
„Гласањето против резолуцијата ќе му наштети на американскиот народ и ќе го убие неверојатниот моментум што претседателот [Доналд] Трамп го создаде во изминатиот 51 ден“, рече портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит во изјава за новинарите на почетокот од оваа недела.
Независни набљудувачи и аналитичари велат дека DOGE преку изнасилени тврдења за измама се обидува да добие поддршка за големите кратења на федералните програми и институции.
Континуираната резолуција им купува време на законодавците да постигнат компромис за верзиите на Сенатот и на Претставничкиот дом за владините трошоци, клучна алатка за спроведување на домашната политика на Трамп.
Прашање е како и кога да стапи во сила предлогот за продолжување на даночните олеснувања од 2017 година и како да се плати дефицитот на САД без да се намали од други клучни сектори.
Раководството на Сенатот предложи усвојување на даночните олеснувања во посебен нацрт-закон подоцна оваа година.