ВАШИНГТОН —
Судијката на Врховниот суд на САД Рут Гинсбург заврши со радијација на туморот на панкреасот, јави агенцијата Асошиетед прес.
По завршената терапија нема знаци за присуство на болеста.
Судот денес соопшти дека туморот бил целосно третиран, и оти нема докази за постоење на болеста на кое било друго место во организмот, пренесе агенцијата.
Според објавената информација, Судот соопштил дека биопсијата која и` била направена на 31 јули покажала малиген тумор, но, дека сега Гинсбург нема потреба од дополнителни третмани, освен периодични тестови на крв и снимања.
Facebook Forum