Рускиот суд ја осуди новинарката Светлана Прокопјева за виновна за „оправдување тероризам“, но ѝ изрече парична, а не затворска казна, во случај поврзан со слободата на печатот во Русија.
Прокопјева треба да плати казна од 500.000 рубли (околу 7.000 американски долари). Таа најави жалба.
Новинарката во западниот руски град Песков, беше обвинета поради коментар што го напиша во ноември 2018 година за бомбардирање пред Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Руските медиуми објавија дека осомничениот напаѓач кој починал во експлозијата ја обвинил ФСБ за мешање во кривични случаи во своја објава на социјалните мрежи.
Прокопјева, која работи како соработник за рускиот сервис на Радио Слободна Европа го опиша случајот како обид за „убиство на слободата на говорот“ во Русија.
„Секако, треба да разговараме за причините за политичките акти на тероризам“, рече Прокопјева во интервју за Гласот на Америка пред пресудата.
„Мојата колумна беше за тоа како државата со своите репресивни акции против граѓанското општество ги затвора правните средства за протест“, рече таа. „Но, таа енергија не исчезнува. Само зазема повеќе нездрави форми “.
И покрај пресудата за вина и парична казна, исходот е олеснителен кога ќе се земе во предвид дека обвинителите бараа 6 години затвор и 4 години забрана да се занимава со новинарство.
Прокопјева треба да плати казна од 500.000 рубли (околу 7.000 американски долари). Таа најави жалба.
Facebook Forum