Линкови за пристапност

Руски инвестиции во Македонија – да или не?


Руски инвестиции во Македонија – да или не?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Македонија треба да внимава каков капитал влегува во државата, особено по се` посилниот обид на Русија за продор на овие простори, не само на политички, туку и на економски план, коментираат за Гласот на Америка добри познавачи на ситуацијата.

Мевмед Џемаилоски, бизнисмен од Струга вели:

„Ако сака државата да ги заштити и домашните инвеститори и сите други странски инвеститори кои влегуваат со чист и легален капитал, ќе мора да води сметка строго за капиталот кој влегува во државата од почувствителните подрачја. Таков е случајот со Црна Гора, со рускиот капитал, кој нема потекло и кој прави нелојална конкуренција и ги угушува другите инвестори“.

Џемаилоски додава дека таквиот капитал бара подрачја кои се недоволно заштитени.

„Нечистиот капитал бара послаби економии, послаби држави каде може да влезе и потоа, преку нив тој се препраќа на други места“, смета овој бизнисмен.

Некои сепак сметаат дека земјата не траба да стравува од влезот на руски компании, но се согласуваат дека мора да се води сметка што, и како доаѓа на домашниот пазар.

„Контролата на капиталот е неминовна, за да се види каков тип на капитал влегува, но тоа не значи дека рускиот капитал автоматски е и нечист капитал. Дека чистината на капиталот е битно прашање, кога влегува во една држава е значајно не само за Македонија, туку за секоја друга земја“,изјави Крсте Шајноски, економски експерт.

Тој додава дека Македонија не треба да ги дели компаниите, дали доаѓаат од рускиот или западниот блок.

„Ние сме мала економија на која и` требаат пари и вработувања“, смета Крсте Шајноски, економски експерт.

Министерот за економија Крешник Бектеши, вели дека секој инвеститор е добредојден, ако тоа го прави согласно законите.

„Најважно за нас е да влегуваат големи европски и американски брендови коишто се познати низ светот, да дојдат и кај нас. Тоа ќе го зголемува и имиџот и на тој начин во Македонија ќе донесеме сериозни компании“, додаде Бектеши.

Според податоци воизвештајот на Центаротза изучување на демократијаво Софија, приходите на руските компании во Македонија од 63 милиони долари во 2006-та година, се зголемиледо 212 милиони во 2015-та година. Најтипичен пример од регионот е Црна Гора, каде пред неколку години огромен капитал од Русија влезе на црногорското крајбрежје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG