Линкови за пристапност

Руски блогер осуден за поттикнување екстремизам преку интернет


Судот во Москва му изрече тригодишна условна казна на популарниот блогер Јегор Жуков, откако го прогласи за виновен за поттикнување екстремизам преку интернет.

По објавувањето на пресудата стотици приврзаници на Жуков, 21-годишен студент на престижната Висока школа за економија во Москва, се собраа пред зградата на судот во западна Москва.

Судот соопшти дека Жуков преку интернет упатил јавни повици за екстремистичка активност.

Жуков беше уапсен во август, за време на протестите кои што минатото лето во Москва траеја со недели. На нив Русите се спротивставија на репресивниот политички систем на земјата.

„Секако, ова не е крајна победа. Голема благодарност до сите“, рече Жуков откако беше објавена пресудата.

За време на неговото последно излегување пред судот, на 4-ти декември, Жуков упати повик до неговите приврзаници со обвинение за рускиот политички систем.

Жуков привлече голема публика и на ЈуТјуб, каде што објави серија видео-блогови во кои го критикуваше претседателот Владимир Путин и ги промовираше протестите на опозицијата низ целата земја.

Последното видео што го објави пред да биде притворен, беше видено повеќе од 300.000 пати. Видеата објавени на неговиот канал на ЈуТјуб, од неговите приврзаници, откако е уапсен прегледни се стотици илјади пати. ((https://www.rferl.org/a/moscow-jails-critics-but-students-defend-outspoken-peer/30096297.html))

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG