Линкови за пристапност

Покренато обвинение против тајната руска агентка Бутина


Таа се товари за незаконско инфилтрирање во политички организации, со цел да ги промовира руските интереси во САД

Федералната судска порота вчера ја обвини Русинката Марија Бутина по две основи - за заговор против САД и нелегално работење како агент на странска влада, поврзана со тајна шема на влијание врз американската политика во претседателските избори во 2016-та година.

Бутина, која се претставувала како застапник за правата на граѓаните за поседување оружје, и која негувала блиски врски со Националната асоцијација за оружје, беше уапсена во неделата, под обвинение дека делувала како нерегистриран агент на странска влада во САД, без да го извести главниот правобранител, како што е предвидено со закон.

Вториот основ за обвинение дополнително беше најавен вчера.

29-годишната Бутина е обвинета за тајно работење, со цел да направи лични врски со моќни Американци, како и за незаконско инфилтрирање во политички организации, со цел да ги промовира рсуките интереси во САД.

Руското министерство за надворешни работи обвинувањата против Бутина ги нарече неосновани, велејќи дека нејзиното апсење било извршенон за да се минимизира неодамнешната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот Доналд Трамп.

Адвокатот на Бутина Роберт Дрискол, издаде соопштение во кое негира дека таа е „агент на Руската Федерација“. Тој ја опиша како руска државјанка која дошла во САД на студентска виза.

Обвинението предвидува затворска казна до пет години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG