Линкови за пристапност

Руски претставник вели дека Украина е одговорна за уривањето на малезискиот авион


Рускиот министер за одбрана ова го аргументираше со фактот дека инцидентот се случил во украински воздушен простор.

Рускиот министер за одбрана вели дека Украина ја носи „целосната одговорност“ за уривањето на Летот МХ17 на Малезија Ерлајнс бидејќи инцидентот се случил во украински воздушен простор.

Сергеј Шоигу ова го кажа за време на средба во среда во Москва со малезискиот министер за одбрана Хишамудин Хусеин.

Западните влади ја обвинуваа Русија за снабдување на проруските сепаратисти со руско противвоздушно оружје со кое бил соборен авионот во источна Украина. Русија многу пати негираше инволвираност.

Сите 298 лица во авионот загинаа во несреќата од 17 јули.

Прелиминарниот извештај за инцидентот објавен во вторникот кажа дека авионот се распаднал во воздух откако многу објекти со голема сила пенетрирале во него.

Документот од холандските истражители не ја става вината на ниедна страна, но американскиот Стејт депртмент кажа дека „тоа ги потенцира прашањата на кои Русија се` уште мора да даде одговори“.

XS
SM
MD
LG