Линкови за пристапност

Петмина осудени за убиството на Политковскаја


Се` уште не се знае кој го нарачал убиството на руската новинарка.

Пет лица се осудени на долги затворски казни за убиството на руската новинарка Ана Политковскаја, но властите велат дека се` уште не утврдиле кој го нарачал убиството.

Доживотни казни се дадени на Рустам Махмудов, човекот кој пукал во Политковскаја во лифтот на зградата каде живеела во Москва во октомври 2006-та, и неговиот вујко, Лом-Али Гаитукајев, кој бил обвинет за организирање на убиството. Тројца други лица добиле казни од 12 до 20 години.

Тројца од инволвираните биле ослободени од обвинение на судењето во 2009-та, но обвинителите приговориле на таа пресуда и наредено е ново судење откако рускиот Врховен суд го вратил предметот за натамошна истрага.

Портпаролка на Новаја Газета, весник каде работела Политковскаја, затворските казни ги нарекла само прв чекор. Последниот чекор, рекла таа за новинската агенција Ројтерс, во понеделникот, ќе биде да се дојде до информација кој го нарачал убиството.

Портпарол на руската Истражна комисија кажа дека биле преземени големи чекори за откривање на нарачателот.

Политковскаја била најдобро позната заради нејзиното известување од јужниот руски регион Чеченија за време на втората воена кампања против тамошните сепаратисти, што започнала во 1999. Нејзините извештаи се фокусирале на непочитувањето на човековите права сторени од руските безбедносни сили и оние лојални на чеченскиот про-московск лидер Рамзан Кадиров.

Политковскаја била убиена на 7-ми октомври 2006-та, на 54-от роденден на Путин.
XS
SM
MD
LG