Русија го отфрли како „контрапродуктивен“ потегот на светските сили за изоставање на Москва од Групата Осум индустријализирани нации во врска со нејзините акции во Украина.
Портпаролот на претседателот Владимир Путин ова го кажа еден ден откако седумте други нации од Г8 се согласија да одржат свој самит на Групата Седум во јуни наместо претходно планираната средба на Г8 во Русија.
Во заедничка изјава дадена на маргините на самитот за нуклеарна безбедност во Хаг, Холандија, лидерите на САД, Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија кажаа дека го суспендираат учеството со Русија во Г8, додека Москва „не го смени курсот“. Западните сили се движат кон изолирање на Русија во врска со анексијата на полуостровот Крим од Украина.
Руските новински агенции го цитираат портпаролот на Кремљ како вели дека Русија е подготвена и заинтересирана за натамошни контакти со другите држави на Г8. Но рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот кажа дека би било „голема трагедија“ ако Русија е исклучена од коалицијата.