Линкови за пристапност

Русија се повлече од договорот со САД за контрола на нелегалната дрога


Ова е најнов од потезите кои индицираат дека двете влади може да се оддалечуваат една од друга.

Русија вели дека се повлекува од договорот со САД за заедничка работа на контрола на илегалната дрога, во најнов од потезите кои индицираат дека двете влади може да се оддалечуваат една од друга.

Наредбата потпишана од премиерот Дмитри Медведев се појави во среда на руската владина веб страница. Таму стои дека Москва се повлекува од договорот бидејќи не се однесувал на сегашната реалност и дека бил истрошен неговиот потенцијал.

Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд кажа дека САД жалат за руската одлука и ја нарекуваат „себепоразувачка“. Таа кажа дека САД имале плодоносна соработка со Русија во областа на владеење на правото, борба против корупцијата, забранетите дроги и трговија со луѓе.

Соопштението на Русија од средата дојде само неколку дена откако САД кажаа дека се повлекуваат од работната група со Русија за поддршка на организациите за граѓанско општество. Стејт департментот кажа дека одлуката била донесена заради неодамнешните рестрикции што руската влада ги поставила спрема граѓанското општество.

Тие рестрикции вклучуваат нови казни за несанкционирани собири, водење веб страници со „екстремистичка“ содржина и закана на новинарите со затвор заради клевета.
XS
SM
MD
LG