Линкови за пристапност

Рускиот парламент ја одобри забраната за американско усвојување на руски деца


Повисокиот дом на рускиот парламент едногласно ја усвои мерката со која на Американци им се забранува да усвојуваат деца од Русија.

Сите 143 членови на Советот на федерацијата присутни на гласањето во среда се изјаснија во поддршка за предлог законот, што сега оди на потпис кај претседателот Владимир Путин.

Легислативата во суштина забранува руски деца да бидат посвоени во американски семејства, ги укинува билатералните договори за усвојување меѓу двете држави и забранува американските агенции за усвојување да работат во Русија.

На ова се гледа како на одмазда за неодамна усвоениот американски закон, познат како Акт Магнитски, што постави визна забрана и финансиски санкции за руски претставници обвинети за непочитување на човековите права.

Американскиот закон, именуван по Сергеј Магнитски, 37-годишен руски анти-корупциски адвокат кој умре до затвор по откривањето во 2009-та на, како што кажа, криминален обрач на официјални лица кои украле 250 милиони долари даночни пари. Легислативата е дизајнирана против руски официјални лица инволвирани во приведувањето на Магнитски, негово малтретирање или смрт.
XS
SM
MD
LG