Линкови за пристапност

Русија одбележа 74 години од победата врз нацистичка Германија


Победата над фашизмот беше прославена со воена парада, која беше пренесувана на државната телевизија

Русија одбележа 74 години од победата врз нацистичка Германија во Втората светска војна со воена парада на Црвениот плоштад во Москва.

На парадата присуствуваа претседателот на Русија Владимир Путин, премиерот Дмитри Медведев, како и поранешниот претседател на Казахстан Нурсултан Назарбаев.

Руското министерство за одбрана рече дека 13.000 војници учествувале во парадата, која беше пренесувана на државната телевизија.

Путин, на отворањето на парадата рече дека главниот ослободител на Европа од нацистичка Германија бил Советскиот сојуз, нарекувајќи го главниот град на Украина Киев „стариот главен град на Русија“.

Тој, исто така, положи венец на гробот на „Незнајниот војник“ во близина на Кремљ.

Критичарите, пак, ја нарекоа воената парада „Путиново шоу на сила“.

Велат дека Владата на Путин ги користи прославите за да го зајакне патриотизмот, а многу малку внимание им посветува на ветераните од Втората светска војна.

Путин и руските официјални лица го носеа воениот симбол, кој изминативе години се забележува во поранешните советски републики како претставување на рускиот национализам и доминација.

Овој симбол официјално беше забранет во Украина во 2017 година, како симбол на руската агресија.

Овој ден се прослави и во неколку други поранешни советски републики.

Се проценува дека 27 милиони советски војници и цивили биле убиени во Втората светска војна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG