Рускиот претседател Владимир Путин го поздрави успешното тестирање на хиперсонична ракета која може да носи нуклеарни боеви глави и кажа дека ова е одличен новогодишен подарок за нацијата.
Путин, кој го надгледуваше тестирањето рече дека оружјето „Авангард“ не може да биде пресретнато и дека со него безбедноста на Русија е осигурана во наредните неколку децении.
Тој рече дека оружјето ќе стане дел од стратегиските ракетни сили на Русија следната година.
Пентагон исто така работи на развој на хиперсонично оружје, но официјални американски претставници предупредија дека САД заостануваат зад Русија.
Facebook Forum