Линкови за пристапност

Гласачите ги одобруваат измените со кои Путин може да продолжи да владее


Централната изборна комисија на Русија започна со објавување на прелиминарни резултати од гласањето за уставните измени

Прелиминарните резултати од гласањето за уставните измени во Русија покажуваат дека гласачите лесно ги одобруваат уставните измени што му го отвораат патот на рускиот претседател Владимир Путин повторно да се кандидира и евентуално да остане на власт до 2036 година.

Централната изборна комисија денеска соопшти дека по обработката на 0,78 проценти од гласачките протоколи, скоро 73 проценти од гласачите ги поддржале амандманите, додека помалку од 26 проценти гласале против нив.

Комисијата додаде дека до 2 часот попладне, излезноста на гласачките места во Москва била 46 проценти, а 62% во вториот по големина град, Санкт Петербург.

Некои независни набудувачи, новинари, па дури и членови на комисијата пријавија повеќекратни нерегуларности на избирачките места.

1 јули е последниот ден за гласање за пакетот, иако анкетите се отворени од 25 јуни - невидено еднонеделно гласање за кое властите велат дека е со цел да ги намалат толпите среде пандемијата на коронавирус.

te
te

Раните резултати се во согласност со очекувањата и претходните анкети. За да се поттикнат да гласаат, во текот на кампањата Русите беа анимирани со наградни игри во кои се нудеа станови, како и со реклами од типот на онаа со која што се гарантираат пензии поврзани со инфлацијата, а кои во центарот на вниманието ги ставаа популарните амандмани.

Иако гласачите излегоа на гласање, Путин нареди еднократна исплата од 141 американски долар за оние со деца.

Кремљ соопшти дека амандманите се неопходни за стабилноста и безбедноста на земјата, додека критичарите обвинуваат дека тие се обид Путин да си обезбеди доживотна власт.

На гласачите им беше дадена можност само да го прифатат или да го одбијат целиот пакет амандмани. Владата силно се наметна со цел да се постигне јавно одобрување на измените.

Најконтроверзен меѓу повеќе од 200 амандмани во пакетот е оној што го ресетира мандатниот термин на Путин на нула, со што се отвора патот тој да се кандидира за повторен избор кога неговиот тековен шестгодишен мандат ќе истече во 2024 година и повторно во 2030 година.

Путин, кој гласаше на гласачкото место во руската академија на науките, рече дека може да учествува на претседателските избори во 2024 година. Ако се кандидира за друг мандат после тоа, тој би имал 84 години кога ќе ја напушти функцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG