Американското Министерство за финансии ја издаде листата на руски државјани кои имаат тесни врски со претседателот Владимир Путин.
Во таканаречениот „Извештај Кремљ“ се вклучени 114 високи руски политички личности и 96 „олигарси“. Во него се, портпаролот Дмитриј Песков, премиерот Дмитри Медведев и шефот на дипломатијата Сергеј Лавров.
Сепак, администрацијата на претседателот Доналд Трамп го извести Конгресот дека засега нема да наметне нови санкции за Русија.
Официјална Москва во понеделникот соопшти дека новите извештаи за санкциите на САД врз Русија се обид да се влијае врз руските претседателски избори во март годинава.
Facebook Forum