Линкови за пристапност

Русија се противи на одлуката на САД за сириските бунтовници


Портпаролот на Стејт департмент рече дека САД не обезбедуваат системи за авионска одбрана на сириските бунтовници

Русија вели дека неодмнешната одлука на САД да се олеснат рестрикциите за вооружување на сириските бунтовници е „непријателски акт“, што ќе ги доведе во ризик руските сили и нивните интереси во Сирија.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Мариа Захарова, во изјава за Ројтерс, ја искритикува промената на политиката.

„Можноста за нивно снабдување со оружје е предвидено во новиот закон“, рече Захарова, укажувајќи на мерката за одбрана, неодамна потпишана од претседателот Барак Обама.

Портпаролот на Стејт департмент Марк Тонер рече дека руските коментари не се нови обвинувања, и оти САД не обезбедуваат таканаречени системи за авионска одбрана на сириските бунтовници.

XS
SM
MD
LG