По речиси шест месеци минати на Меѓународната вселенска станица (МВС), Американецот Мајк Хопкинс и Русите Олег Котов и Сергеј Рјазански се вратија на Земјата во капсулата Сојуз.
НАСА јави дека капсулата безбедно се приземјила рано утрово во Казахстан. Тројцата се во ред и се прилагодуваат на гравитацијата, соопшти преку Твит американската вселенска агенција. Во ноември минатата година, Котов и Рјазански по првпат во историјата го изнесоа олимпискиот факел во отворениот вселенски простор, по што беше вратен на Земјата и употребен во церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Сочи.