Линкови за пристапност

Американските санкции кон Русија се покажаа ефективни


Сепак тие не го свртеа рускиот народ кон Кремљ

Американски санкции наметнати кон Русија претходно месецов и кои беа насочени кон десетици олигарси и блиски соработници на Владимир Путин се покажаа поефективни отколку што се очекуваше, велат аналитичарите. Но, во моментов тие не прават ништо за да ги свртат Русите против Кремљ или да ја поткопаат севкупната популарност на рускиот лидер.

Веднаш по објавувањето на новите санкции, рубљата ја имаше најлошата недела во последниве четири години, укажувајќи на тоа дека дополнителни санкции може да имаат големо влијание врз руската економија.

Се чини дека ова беше случај со Олег Дерипаска. Тој е сопственик на Русал, еден од најголемите светски производители на алуминиум, кој се до пред санкциите извезуваше околу 82 проценти од производство.

Мнозинството аналитичари и економисти анкетирани од страна на Ројтерс велат дека последната рунда санкции најверојатно ќе го ограничи намалувањето на каматните стапки планирани од страна на Централната банка на Русија. Таквиот чекор ќе го забави економското закрепнување на државата и покрај неодамнешното зголемување на цените на нафтата.

Закани за одмаздата

Кремљ тврди дека санкциите кои Вашингтон ги наметна откако ја обвини Москва за „непријателски активности“, се незаконски, а руските официјални лица предупредија дека ќе се одмаздат.

Во средината на мај, Долниот дом на рускиот парламент треба да разгледа легислативата со контра мерки, вклучувајќи суспендирање на нуклеарната соработка и забрана за увоз на американски земјоделски производи, лекови, тутун и алкохол. Некои руски пратеници сакаат да ги суспендираат и интелектуалните права за софтвер развиен од страна на американски поединци или компании кој се користи на руска територија.

Инвестиции

Некои аналитичари велат дека одбивањето на финансиските институции и агенциите да водат бизнис со лицата кои се најдоа на најновата црна листа ја намалило заштитата на корпоративните средства. Исто така им оневозможило да тргуваат со своите акциите на странските берзи, вклучувајќи ги Лондон, Њујорк и Хонг Конг.

Најавени повеќе санкции

Неделата врз руската елита ќе биде воведен поголем притисок, кога британските пратеници ќе започнат со процес на донесување на ново законодавство кое ќе ги блокира руските олигарси и официјални лица поврзани со кршење на човековите права од водење бизнис и купување имот во Велика Британија.

Но, додека руската елита е погодена од санкциите на САД, нарушувајќи ги нивните бизниси, останува нејасно дали Путин ја губи популарноста меѓу Русите.

XS
SM
MD
LG