Долниот дом на Рускиот парламент денес гласеше да им се забрани пристап на новинарите на Глас на Америка и Радио Слободна Европа.
Одлуката доаѓа ден откако Министерството за правда назначи девет медиумски организации, финансисрани од Американската влада, како „странски агенти“.
Потегот на Москва е одговор на одлуката на САД минатиот месец, со која филијала на руската државна мрежа РТ, со седиште во Вашингтон, беше принудена да се регистрира како странски агент.
Директорката на Гласот на Америка Аманда Бенет изјави дека Руското министерството за правда, со ваквата нова легислатива, ќе доведе до повеќе ограничувања во работата на Агенцијата во Русија.
„Засега, не се знае какви ќе бидат овие ограничувања“, рече Бенет.
Facebook Forum