Руското министерство за правда ги назначи како „странски агенти“ девет американски медиумски организации, вклучувајќи го и Гласот на Америка.
На листата на Министерството се наоѓаат и Радио Слободна Европа, и неколку други филијали, откако за тоа беа предупредени минатиот месец.
Руските официјални лица ја нарекоа новата легислатива „сразмерен одговор“ кон САД, откако тие први побараа телевизиска мрежа, финансирана од Руската влада - РТ, да биде регистрирана како странски агент, согласно Актот за регистрација на странски агенти (ФАРА).
Стејт департментот го осуди рускиот закон, велејќи дека ја попречува слободата на печатот.
Facebook Forum