Линкови за пристапност

САД го осудија потегот на Москва медиумите да станат „странски агенти“


Американскиот амбасадор во Русија рече дека со ваква мерка, ќе биде речиси невозможно владините медиумски агенции да оперираат

Амбасадорот на САД во Русија Џон Хантсман, го осуди потегот на Москва, со кој се принудуваат девет американски медиумски агенции, финансирани од Владата, да се регистрираат како „странски агенти“.

Претходно САД побараа Руската телевизиска мрежа, спонзорирана од Кремљ, да се регистрира како таква во САД.

При посетата на бирото на Гласот на Америка и на Радио Слободна Европа во Москва, Хантсман рече дека руската реакција „воопшто не е реципрочна“, и доколку се имплементира ваквата мерка, ќе биде речиси невозможно владините медиумски агенции да оперираат во Русија.

Тој додаде дека Актот за регистрација на странски агенти (ФАРА), кој постои осум децении, и врз чија основа Руската телевизиска мрежа се регистрира како странски агент, е насочен кон промовирање транспарентност, но, не ја ограничува работата на оваа организација во САД.

Долниот дом на Рускиот парламент одобри амандмани да се прошири Законот насочен кон невладините организации, вклучувајќи странски медиуми, според кој, тие ќе мора редовно да ги откриваат нивните цели, детали за финансии, извори на финансирање и вработени.

Медиумските организации можно е да треба на своите социјални платформи во Русија да наведат дека се „странски агенти“.

Руското Министерство за правда најави дека новите обврски веројатно ќе бидат преточени во закон, во блиска иднина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG