Линкови за пристапност

Белата куќа била предупредена за можноста Флин да биде уценуван


Поранешната вршителка на должноста-главен правобранител на распит во Сенатот кажа дека го свртела вниманието на актуелната администрација, пред претседателот Трамп да го отпушти Флин од функцијата советник за национална безбедност, поради тоа што лажел за контактите со рускиот амбасадор во САД

Поранешната вршителка на должност - главен правобранител Сали Јејтс, за време на распит во Сенатската комисија за разузнавање, кажа дека кусо време откако претседателот Доналд Трамп ја презел функцијата, ја предупредила Белата куќа дека неговиот советник за национална безбедност, пензионираниот генерал Мајкл Флин, би можел да биде уценувани од страна на Русија.

Јејтс додаде дека го свртела вниманието на Белата куќа на повеќе од две недели пред Трамп да го отпушти Флин од функцијата, поради тоа што лажел за контактите со рускиот амбасадор во САД.

Таа истакна дека била загрижена за повторените изјави од потретседателот Мајк Пенс и други официјални лица, погрешно наведувајќи дека Флин не бил во контакт со амбасадорот Сергеј Kисљак, кога рутински пресретнати разговори покажале дека комуникација меѓу нив, постоела.

„Потпретседателот и другите имаат право да знаат дека информациите што ги пренесуваат до американскиот народ, се невистинити“, изјави Јејтс. „Русите исто така знаеле за тоа што направил генералот Флин, како и тоа дека го довел во заблуда американскиот потпретседател“.

Осумнаесет дена откако Трамп дознал за ова, го отпуштил Флин, велејќи дека ја загубил довербата во него како клучен советник во Белата куќа.

Сведочењето во понеделникот е дел од истрагата на Сенатот за наводното руско мешање во изборите во САД. Претседателот Трамп ја отфрли истрагата, како и одделни истраги на Федералното Истражно Биро (ФБИ) и на Претставничкиот дом, на неколкупати изјавувајќи дека неговата кампања нема врски со Русија.

Трамп преку Твитер ја обвини администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама дека дала зелено светло за „највисоко безбедносно одобрение“ за Флин, кога бил раководител на Агенцијата за одбрана и разузнавање.

Додека Флин ја имал таа дозвола, истражителите велат дека тој не обелоденил дека примил 30.000 долари од Русија и преку 500.000 долари да ја претставува Турција. Тој ги прифатил исплатите, истакнуваат истражителите, откако специфично бил предупреден кога се пензионирал од армијата да не се земе пари од странски влади.

Обама го отпушти Флин во 2014-та година, заради неподобен менаџерски стил, и лично го предупредил Трамп да не го именува Флин за советник за национална безбедност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG