Линкови за пристапност

Протераните американски дипломати ја напуштија амбасадата во Москва


Денес истекува крајниот рок за нивно излегување од државата

Американските дипломати и нивните семејства утринава ја напуштија Амбасадата во Москва, откако претходно САД протераа 60 руски дипломати, како одговор на нападот со нервен агенс врз поранешен руски шпион во Британија.

Диполоматите со тоа го запазија крајниот рок, којшто Москва го постави за нивно протерување од државата.

Голем број дипломатски протерувања се случија по 4-ти март, откако се случи нападот врз Сергеј Скрипал и неговата ќерка, при што, како што вели Британија, бил искористен нервен агенс произведен од тогашен Советски Сојуз.

Официјален Лондон изјави дека е „многу веројатно“, Москва стои зад обидот за убиство, а Кремљ остро го демантираше тврдењето.

Односот меѓу Русија и Западот драматично се влоши по овој настан. Преку 150 руски дипломати беа протерани од САД, земји-членки на Европската Унија, членки на НАТО и други држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG