Линкови за пристапност

Русија го приведе американскиот бизнисмен Калви


Основачот на компанијата „Баринг Восток капитал партнерс“ се товари дека заедно со неговите колеги украле 37.5 милиони долари

Русија го приведе американскиот бизнисмен Мајкл Калви, основач на компанијата „Баринг Восток капитал партнерс“ поради спомение за измама.

Портпаролот на Окружниот суд во Москва потврди дека Клави бил приведен заедно со други претставници од компанијата. Се очекува денес попладне судот да одлучи дали ќе ги задржи во притвор осомничените.

Обвинителите го сомничат Калви дека заедно со неговите колеги украле 37.5 милиони долари. Ако тоа се докаже, тие се соочуваат со затворска казна до десет години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG