Линкови за пристапност

Русија со контра-мерки на американските санкции


Со тоа, Путин би добил широки овластувања за забрана на увоз од САД и други држави

Долниот дом на рускиот парламентот или Думата, го одобри предлог-законот за контра-санкции спрема, како што ги нарекоа законодавците, „болните“ трговски ограничувања на САД и другите „непријателски“ држави.

Руските пратеници тврдеа дека мерката е неопходна за да се заштитат „безбедноста и интересите“ на Русија. Предлогот се очекува лесно да помине во Горниот дом на парламентот и да биде потпишан од претседателот Владимир Путин, со што ќе стане закон.

Притоа, Путин би добил широки овластувања за забрана на увоз на производи од САД и од други држави коишто Кремљ ги смета за непријателски расположени кон Русија.

Одлуката денеска предизвика и втор паралелен потег: Русија ја информираше Светската трговска организација дека Москва е подготвена да наметне царини за американскиот алуминиум и челик, со цел да ги надомести загубите во висина од половина милијарда долари.

Изминативе две години, Москва и Вашингтон се во своевидна војна на санкции, којашто не покажува знаци на сопирање.

Воедно, Думата подготвува втора мерка контра-санкции, кои би наметнале кривична одговорност спрема бизниси и поединци коишто ги почитуваат западните санкции против руските економски интереси.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG